Македонија
27. July 2017 - 11:31

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес пред околу еден час ја стресе Македонија. Потресот со јачина од 2,5 по Рихтер е со епицентар во Охрид, на длабочина од 1 километар.
 
И во текот на ноќта два потреса се почувствувани во Македонија. Регистриран е потрес од 2,5 степени по рихтеровата скала, на длабочина од 2 километри, а со епицентар во Охрид. По овој потрес, регистриран е уште еден со јачина од 2 степени по Рихтер, повторно со епицентар во охридското подрачје. Овој потрес бил на длабочина од 1 километар.