Македонија
2. July 2017 - 12:04

Земјотрес и во Охридско

Земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, во 9 часот и 58 минути, во охридското епицентрално подрачје. 

- Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.