Земјата се искина: Огромна пукнатина настана по земјотресот во Калифорнија, се гледа од Вселената
Земјотрес со магнитуда од 7.1 степен што ја потресе Калифорнија во петокот остави зад себе голема пукнатина, која се гледа од Вселената.
Кога почнаа потресите околу 20.20 часот, почна и јагмата за засолниште. Беше тоа втор силен потрес кој ја погоди областа за помалку од 48 часа.
Штетата која настана веднаш беше видлива. Продавниците беа полни со скршени шишиња, лименките експлодираа разливајќи се по подот, а други производи од ѕидовите паѓаа долу.
Кога следниот ден изгреа сонцето стана јасно дека е променета и топографијата. Сателитските снимки кои „Планет Лабс“ ги достави до Си Ен Ен покажуваат пукнатини близу епицентарот.
Голема пукнатина се прошири од подрачјето на кое некогаш се наоѓаше голема водена површина. Шаблонот на ерозијата на песокот во пустината покажува дека поголем дел од водата е вшмукан. Тоа секако не е единствен доказ дека дошло до промена на топографијата. Автопатот во близина, на пример, исто така е „поместен“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата