-->
-->
Земан ја обвини групата Муслиманско братство за миграциската криза во Европа
-->
Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини фундаменталистичката група Муслиманско братство за миграциската криза во Европа.
Таа исламистичка организација е прогласена за терористичка и е забранета од египетската Влада во 2013 година, откако армијата го собори од власт претседателот исламист Мохамед Морси.
Земан неодамна ги оквалификува бранот мигранти како „организиран упад“, а во интервју за Чешкото радио денеска тој рече: „Сметам дека тоа е упад организиран од Муслиманско братство“.
Земан додаде дека таа информација ја добил од ОАЕ и од Мароко.
– Според податоците таа организација им служи како „чадор“ на исламистичките екстремисти и сака да го води целиот свет, нагласи Земан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Семејствата на жртвите од модуларната болница бараат обнова на истрагата
-
Тимови од странство искусни за рехабилитација во македонските центри
-
Тошковски: Ќе одговара секој криминалец во МВР кој наместо да ги штити, ги краде граѓаните
-
Априлската плата во здравството повисока за 2500 денари
-
112 милиони денари собрани на сметката на Црвениот крст
-
Тошковски: Истрагата за Кочани се уште трае
-
Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага
-
Во Штип ќе се отвори првиот Центар за рехабилитација за деца со попречености