Земан го обвини американскиот амбасадор во земјата за „еден вид корупција“
Чешкиот претседател Милош Земан повторно остро се изрази за американскиот амбасадор во Чешка Ендрју Шапиро, обвинувајќи го дека функцијата ја добил како награда за спонзорство на кампањата на актуелниот американски претседател, Барак Обама, што тој го смета за еден вид крупција.
- Донациите не се сметаат за корупција, но за корупција веќе може да се смета тоа дека спонзорот е награден со амбасадорска функција. Па тогаш може да се постави хипотезата, дека и г-дин Шапиро е заплеткан до еден вид корупција и неговата борба против корупцијата во Република Чешка е малку лицемерна, изјави Земан за порталот „Парламентни листи".
- Сега зависи од исходот на претседателските избори во САД. Зависно од тоа, кого г-динот Шапиро ќе го спонзорира овојпат и не е исклучено дека тој уште долго нема да биде амбасадор, вели Земан во врска со „подобрувањето на односите меѓу него и амбасадорот на САД", вели Земан.
Напнатите односи меѓу Земан и Шапиро потекнуваат од минатата година, кога амбасадорот ја означи за непримерна подготовката на шефот на чешката држава за учество на прославата на годишнината од крајот на Втората светска војна во Москва.
Земан не учествуваше на свеченоста и изјави дека амбасадорот се меша во внатрешните работи на Чешка и му порача дека за него вратата во претседателската резиденција е затворена.
Шапиро, пред неколку месеци за Чешката државна телевизија изјави дека односите со Кабинетот на претседателот се во ред, коментирајќи дека „политиката во земјата ја создава Владата, а не шефот на државата“.
Ново на Сител
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје
-
До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степени
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
-
Регионалниот пат Куманово - ГП Пелинце ќе биде затворен за сообраќај поради велосипедска трка
-
Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски