-->
-->
Зеленски: Во последните руски напади има загинати и повредени луѓе
-->
Окупаторите можат само да ги тероризираат мирните луѓе. Тоа е сè што можат да направат, но тоа нема да им помогне, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со последните руски напади врз Украина.
Тој на социјалните мрежи информира дека русите ноќеска истрелале 81 проектил врз регионите на Киев, Кироворад, Дњепар, Одеса, Харков, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск, Житомир, Виниција. Нападнати биле критична инфраструктура и станбени згради.
– За жал има повредени и загинати. Сочувство до семејствата, напиша Зеленски.
Тој информира дека сега сите служби работат и оти продолжува обновата на електроенергетскиот систем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово