Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина добила вкупно 100 милијарди долари помош од САД.
- Многу пари од финансиските фондови на САД останаа во Европа. Тие финансираа одредени канцеларии на релевантни американски програми. Околу 65 до 67 милијарди влегоа во Украина. И тоа во форма на оружје и пари, рече Зеленски во интервју за Си-Би-ЕС Њуз.
Тој појасни дека од САД се добиени околу 35 милијарди долари за поддршка на украинскиот буџет.
- Отсекогаш верувавме дека тоа е нашата заедничка борба, дека Украина ги брани нашите заеднички вредности, а ние ја браниме цела Европа. Затоа Европа ја финансираше. Во овој момент, Европа даде приближно исто толку пари колку и САД. Но, можам само да му се заблагодарам на американскиот народ за сериозната поддршка, рече украинскиот лидер.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, претходно изјави дека САД потрошиле 350 милијарди долари за Украина.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина добила вкупно 100 милијарди долари помош од САД.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност