Зеленски: Ситуацијата на некои точки на фронтот е исклучително тешка, а доцни помошта за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа, во своето секојдневно видеообраќање, изјави дека ситуацијата е исклучително тешка на некои точки на фронтот.
– Ситуацијата е исклучително тешка на неколку точки на линијата на фронтот, каде што руските сили имаат концентрирани максимални резерви. Тие го користат доцнењето на помошта за Украина, посочи Зеленски, додавајќи дека на украинските сили им недостасува артилерија, и треба воздушна одбрана за линијата на фронтот, како и оружје со поголем дострел.
Според Зеленски, Киев со своите партнери работи максимално напорно за да ја обнови и прошири поддршката за Украина.
Тој им се заблагодари на своите сонародници, украинските компании и партнерите на Украина, кои веќе произведуваат оружје, артилериски гранати, беспилотни летала и системи за електронско војување во земјата.
Руската армија е во офанзива во источна и јужна Украина и неодамна го зазедоа силно утврдениот град Авдеевка во регионот на Доњецк, што е нивна прва голема победа по заземањето на Бахмут во мај 2023 година.
Ново на Сител
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец