Зеленски: Се подготвуваме за нови руски напади врз инфраструктурата во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутринава изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.
– Земјата денеска се соочува со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО (YASNO), главниот снабдувач со енергија во Киев. Ова е многу и тоа е виша сила, рече тој.
Во меѓувреме, националните енергетски власти предупредија на планирани исклучувања, но и на можни дополнителни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во шест други региони во земјата.
Предупредувањата уследија откако градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика жителите „да бидат подготвени на сè“, вклучително и најлошото сценарио каде главниот град ги губи струјата и водата.
– Ако имате пошироко семејство… или пријатели надвор од Киев, каде што има автономно снабдување со вода, печка, греење, ве молиме разгледајте ја можноста да останете таму одредено време, изјави викендов Кличко.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање истакна дека 4,5 милиони потрошувачи се веќе без струја.
– Ние исто така дознавме дека терористичката држава концентрира сили и ресурси за можни повторени масовни напади врз нашата инфраструктура, рече тој. – Пред сè, енергијата. Конкретно, на Русија за тоа и беа потребни иранските ракети. Се подготвуваме за одговор, додаде украинскиот претседател.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка