Зеленски: Нападот врз Полска е порака од Русија до членките на Г20
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им порача на лидерите на Г-20 дека меѓу нив има „терористичка држава“ и ја обвини Русија за нападот врз Полска во кој загинаа две лица. Зеленски им се обрати на Граупата преку видео повик и им порача дека нападот врз Полска е „искрена порака од Русија до членките на Г20“.
Ова е второ обраќање на Зеленски на состанокот на Г20. Сепак, некои од лидерите веќе го напуштија индонезискиот остров Бали, кој е домаќин на средбата. Меѓу нив е и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој синоќа го напушти Бали. Зеленски им порача на оние кои се уште таму дека меѓу нив има терористичка држава од која Украина се брани. „Тоа е реалноста“, додаде тој.Украинскиот претседател повика на брза реакција на нападот во Полска.
Полска соопшти дека нема докази кои со сигурност можат да потврдат кој ја лансирал ракетата, а американскиот претседател Џо Бајден вели дека „не е многу веројатно“ таа да е лансирана од Русија, која негира дека е одговорна за нападот.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги забрани летовите над Украина поради нападот. „Побаравме да се затвори небото, бидејќи небото нема граници. Ниту за неконтролирани проектили, ниту за заканата што ја претставуваат за нашите соседи од ЕУ и НАТО. Ги симнуваме ракавиците. Време е за победа“, напиша Резников. на Твитер.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги