Зеленски: На Израел му помогнаа, ние со месеци чекаме помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди нападот на Иран врз Израел со беспилотни летала и проектили и посочи дека на неговата земја и е потребна помош од сојузниците за да се одбрани од заканите од воздух, исто како што тоа го направи Израел.
„Активностите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што акциите на Русија се закануваат со проширување на конфликтот. Соработката меѓу двата режима во ширењето на теророт мора да биде дочекана со решителен одговор од светот“, објави Зеленски на платформата „Х“.
Зборувајќи подоцна во своето ноќно видео обраќање, украинскиот претседател рече дека светот видел дека „Израел не е сам во својата одбрана, туку дека заканите на небото, исто така, ги уништуваат неговите сојузници“.
„Украина со месеци чекаше витален пакет за поддршка и гласање во американскиот Конгрес, а довербата на терористите расте секој ден“, додаде тој. Зеленски со месеци ги повикува западните сојузници, особено Соединетите Држави, да покажат „политичка волја“ и да и обезбедат на Украина воздушна одбрана и оружје што и е потребно.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци