Зеленски му рекол на Макрон дека Украина нема да одговори на руските провокации
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон изјави дека Украина нема да одговори на руските провокации на истокот и е подготвена за дијалог со Русија, пренесе Бета.
– Зеленски изрази волја Украина да не одговори на провокациите долж линијата на фронтот во источниот дел на земјата, соопшти Елисејската палата, која повика на „последни напори“ за да се избегне „голем конфликт“ во Украина.
За денеска е закажан телефонски разговор меѓу Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски претходно предложи средба со неговиот руски колега во време на растечки страв од руска инвазија на Украина.
– Не знам што сака рускиот претседател, затоа предлагам да се сретнеме, изјави вчера Зеленски на безбедносната конференција во Минхен.
Тој додаде дека Украина е „штит на Европа“ против руската армија и го повика Западот да ја зголеми помошта.
– Ја цениме секоја помош, но сите мора да сфатат дека тоа не се добротворни придонеси што Украина треба да ги бара … Тоа е ваш придонес за безбедноста на Европа и светот. Таму каде што Украина е штит осум години, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин
-
Приведени двајца крадци од Прилеп, со мотоцикл одзеле златно ланче од 76-годишна жена
-
Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
-
Скопското обвинителство бара притвор за жител од Батинци поради недозволено држење оружје и муниција
-
„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
-
Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница