Зеленски до Пендаровски: Верувам дека еден ден нашите држави ќе бидат членки на Европската Унија
Претседателот на Украина Володимир Зеленски упати писмо до претседателот Стево Пендаровски, заблагодарувајќи му се на поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзината европска интеграција, изразени во писмото упатено од страна на претседателот Стево Пендаровски во текот на месец мај 2022 година.
– Ваша Екселенцијо, Ве молам примете ја мојата благодарност за Вашето срдечно писмо од 17 мај 2022 година и покажаната солидарност со нашата држава, која одлучно се спротивставува на руската агресија. Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, наведува Зеленски во писмото до Пендаровски.
Украинскиот претседател изразува благодарност што „Северна Македонија целосно се приклучи кон санкциите воведени од страна на Европската Унија кон Русија како земја-агресор“.
– Мојата срдечна благодарност кон Вам лично господине претседател и кон народот на Северна Македонија за поддршката на стратегијата за европска интеграција на Украина и доделувањето кандидатски статус на нашата земја за пристапување во Европската Унија. Таква искрена позиција на претседателот на Северна Македонија, која веќе е земја-кандидат за членство во ЕУ, е од особено значење, се наведува во писмото.
Зеленски изразува надеж дека Северна Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок.
– Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки. Верувам дека Република Северна Македонија исто така ќе може успешно да напредува кон членството во ЕУ и еден ден нашите пријателски држави ќе се приклучат кон заедничкото европско семејство како полноправни членки на ЕУ, стои во писмото на претседателот на Украина до македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо