Зеленчук делотворен при слебеење
Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а obi;no содржи и влакна што помагаат човекот подолго да се чувствува сит. Дополнително, зелениот зеленчук е нискокалоричен, што го прави и делотворен при слабеење. Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина.
Спанаќ
Ова е зеленчук во којшто се ужива на повеќе различни начини. Спанаќот има поблаг вкус и затоа може да се комбинира во различни оброци, а покрај тоа, доста е и хранлив, со 23 калории на 100 грама.
Брокула
И таа помага за подолга ситост. Се додава во чорби, а одлично оди и со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама.
Карфиол
Поради својот вкус, карфиолот е секогаш присутен во традиционалната здрава исхрана. Може да се додаде и на пица, а според готварските стручњаци - и како состојка во некои колачи. Карфиолот има 25 калории на 100 грама.
Грашок
Најчесто се наоѓа во разни манџи или чорби, а го има и во оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а има и повеќе од пет грама растителни протеини, корисни за органите за варење. Протеините се корисни за слабеење бидејќи бараат и црпат повеќе енергија од метаболизмот и ги покачуваат хормоните за ситост.
Прокељ
Иако ова зелје обично не е меѓу омилените видови зеленчук, доколку се зготви правилно може да биде вкусен додаток во многу различни јадења. Содржи 43 калории и околу четири грама влакна на 100 грама прокељ.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор