Здружение на приватни аптеки: Заштитните маски се со повисоки цени како резултат на зголемените цени од добавувачите
Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице.
Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите.
Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата. Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните , едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор