Здравје Радово стартуваше со кампањата “Здравје во твои раце”
На Кејот на реката Вардар, се одржа настан кој ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики.
На самиот настан се реализираше и акцијата Веледарност, во која беа донирани велосипеди за најмладите од социјално загрозените семејства.
,,Ова е одлична иницијатива на ,,Здравје Радово”, преку која се допринесува за поздрави генерации, нивно рекреирање, стекнување навика за консумација на јогурт, уживајќи во благодетите на спортот во комбинација со здравиот напиток. За таа цел се вклучивме во овој настан како помагачи за остварувањето на донацијата на Здравје Радово, односно донацијата на велосипеди на најмладите членови на социјално загрозените семејства. – изјави Јовица Велјановски од здружението “Единствена Македонија”.
,,Здравје во твои раце” беше неколку часовно дружење на сите рекреативци и сите оние кои сакаат да спортуваат и да одржуваат здрави навики како и здрав начин на живот.
,,НаТочак”, ,,Единствена Македонија” и ,,Здравје Радово” се главните виновници и поборници за оваа иницијатива која треба да премине во традиција која ќе им покаже на најмладите дека возењето на велосипед и консумацијата на јогурт се здрави навики кои се многу значајни за нив.
Здравје Радово најави уште неколку вакви активности за ова лето во Скопје, Охрид и уште неколку локации низ Македонија.
Ново на Сител
-
Папата Франциск одржа миса за 35.000 верници во Папуа Нова Гвинеја
-
Венецуелскиот опозициски лидер ја напушти земјата и побара азил во Шпанија
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом