Завршна конференција на проектот „Аква М“ во Гевгелија
Со промоција на филмот за изградбата на одводниот канал во Гевгелија и Студијата за канализирање на атмоферската вода, денеска во Гевгелија заврши проектот „Заеднички активности за ефикасен менаџмент со градска вода во прекугранични региони“, кој беше реализиран во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.
Гевгелискиот градоначачник Иван Франгов изрази големо задоволство од реализацијата на проектот популарно наречен „Аква М“.
- Во последната фаза ги доизградивме останатите 1.090 метри од одводниот канал кои недостасуваа за негово поврзување со реката Вардар, каде сега ќе се влева надојдената планинска вода за време на поројни дождови која честопати знаеше да им прави проблеми и да ги поплавува жителите околу каналот, рече Франгов.
Истакна дека покрај ова завршена е и студијата за одводнување на атмосферката вода, која е предуслов за целосно решавање на проблемот.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции