Заврши заложничката драма во турски ресторан во Буркина Фасо, двајцата напаѓачи се убиени
Силите за безбедност на Буркина Фасо ја презедоа контролата врз квартот во кој беше извршен напад врз турски ресторан, при што двајцата напаѓачи се ликвидирани, изјави министерот за информации на африканската држава, Реми Данџину.
Последните истрели се слушнале во раните утрински часови. Претходно беше соопштено дека во операцијата на силите за безбедност се убиени тројца напаѓачи.
Според најновите податоци во нападот се убиени 18 лица, а осуммина се ранети.
Осомничените исламски екстремисти доцна синоќа, околу 21 часот, отвориле оган во турскиот ресторан „Азиз Истанбул“ во главниот град Уагадугу.
- Жртвите се од различни националности, соопшти министерот.
Вчерашниот напад се случува на помалку од две години откако исламски терористи убија 30 лица во ресторан, посетуван од странци, во центарот на Уагадугу.
Ново на Сител
-
Успешна мисија: Спасено 16-годишно девојче кое паднало во дол
-
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
-
Асанж пуштен од затворот во Велика Британија
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје
-
ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија