Тенис
11. јуни 2023 - 15:54

Заврши фјучерсот во Скопје, трофејот за Калин Ивановски

Извонредна недела за Калин Ивановски кој триумфираше на ИТФ 25 турнирот во Скопје откако во финалето со 2-0. По сетови 7-6 и 6-4 го совлада Французинот Саша Вејенбург во интересен меч кој му донесе нов пехар на македонскиот тенисер. 
Иако Ивановски однесе победа во два сета сепак мечот беше неизвесен и исцрпувачки и траеше речиси два сета.  Можеби клучен момент беше тајбрејкот во првиот сет кој нашиот тенисер го доби со 7-2.
Ова е четврта титула за Ивановски во кариерата и прва во Скопје. Овој успех му донесе 25 АТП поени и награда од 3600 долари на турнирот на кој наградниот фонд беше 25 илјади.