Зависна од раѓање: Имаат 12 деца, таткото е подготвен и за 20
Ќерката на оваа британска двојка, која им се роди летово, има 5 браќа и 6 сестри. Нивните деца се на возраст од новороденче до 23 години. Мајката, 39-годишната Менди вели дека тука ќе застане, а нејзиниот сопруг Нејтан би сакал да има 20 деца!
Менди го добила првото дете на 16 години.
-Нејтан сака огромно семејство. Би сакал да има 20 ако му дозволам. Но, јас се надевам дека ќе застанеме на бројот 12. Иако за секое од последните 7 деца велев дека е последно- вели Менди.
За британските медиуми Менди вели дека е зависна од раѓање на деца.
-Најубавиот момент кога ќе се роди бебето е кога ќе го видам за прв пат, ќе го запознаам откако 9 месци било во мојот стомак. Секогаш пред породување сум нервозна, сите бремености се непредвидливи и јас сум нервозна што ќе се случи, дали се ќе биде во ред. Потоа првите 12 недели се пекол, имам бебе а имам и други мали деца за кои треба да се грижам -вели Менди.
Но, постарите деца во семејството се тука да помогнат. Тие имаат задачи, а можат да се пријават и за дополнителни обврски, што позитивно се одразува на нивниот џепарлак.
Менди вели дека покрај сето тоа, имаат и миленици, мачиња и кучиња, на кои исто така им треба нега и грижа.
-Лудилото е нормално за оваа куќа. Дали би го менувала тоа за мирен живот? Не! – вели Менди.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка