Македонија
7. September 2021 - 11:16

Затворска казна за тетовец кој не седел во изолација

50-годишен тетовец заврши во затвор, бидејќи не седел во изолација поради Ковид-19.

- Вчера (6 септември) околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа  Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.