Македонија
1. April 2023 - 8:13

Затворена за сообраќај делницата Велес - Градско

Затворена за сообраќај делницата Велес - Градско (делот од с. Виничани до Винарија Стоби на регионалниот пат) од 30.03.2023 г. до 01.04.2023 г. од 08:00 до 16:00 часот поради асфалтирање, соопштува АМСМ.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

- АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информираат оттаму.