ВМРО-ДПМНЕ: Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари
Во два дена Ковачевски од платата на секој човек зема 3.000 денари.
Во два дена со покачувањата на цените на горивата и храната и за 15 денари, Ковачевски уништи десетици илјади семејства, кои нема да знаат како да го поминат месецот.
Во само два дена, лебот, брашното и шеќерот се искачија на 60 денари, а маслото за јадење над 160 денари.
Основните намирници, за живот на граѓаните се енормно скапи, и на исто ниво како во земјите од Западна Европа, каде платите се и за 10 пати поголеми од тие во Македонија.
На ваквиот ценовен шок, кој се случи пред се затоа што Ковачевски не сака да се откаже од 50 милиони евра кои доаѓаат од покачената акциза, сега ќе му се приклучи ново поскапување, исто така во режија на Ковачевски, кое исто се готви во РКЕ под превезот покачување на цената на струјата.
Ковачевски и СДСМ буквално го прават животот на граѓаните се потежок и невозможен. Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада.
Ново на Сител
-
Втор ден од конклавата за избор на нов папа
-
Муцунски на средба со шефовите на дипломатиите на членките и кандидатите за членство во ЕУ во Варшава
-
„Њујорк тајмс“: Трамп треба да објави голем трговски договор со Обединетото Кралство
-
Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа
-
Нетанјаху: Знаеме дека 21 заложник е жив, нема потврда за судбината на уште тројца
-
Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Состојба на патишта
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан