Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време
На 15.02.2021 околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот, против Н.М. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
Исто така, од слобода била лишена и косовската државјанка Л.М.(18), која се наоѓала во објектот, а која илегално влегла во нашата земја и непријавено престојувала на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје