Живот
24. January 2018 - 23:04

Застрашувачки црн пазар: Деца за посвојување ги нудат преку каталог, ги земаат и ги враќаат и дебело заработуваат

Црниот пазар на деца со кои не се задоволни посвоителите речиси непречено функционира, а децата по пат на каталог се претставуваат и рекламираат без гаранции дали родителите кои ќе ги изберат ќе ги задржат, открива една француска репортажа.

Во француската ТВ емисија "Sept à Huit" на 21 јануари оваа година е прикажана репортажа за посвојување во САД, снимена 2016 година.

Секое четврто посвоено дете, тврдат новинарите, се враќа во установата, која се обидува да го замени. Посвоените деца „кои не ги задоволиле потребите на посвоителите“ присилена се на продажба на нови семејства, кои исто така може да бидат разочарани.

Се личи, како што велат, на враќање на производот во супермаркет. Посвоителите немаат обврска да дадат никакво објаснување. Профилот на детето се објавува во мали огласи за посвојувањет „како во каталог“.

Во филмот се прикажани сведочења на силување на млади девојчиња, од кои се леди крвта во вените.

Методот на враќање на детето на пазарот за посвојување е неверојатна. Како што се наведува во репортажата, децата мора да се однесуваат како проститутки за да им се допаднат на клиентите. Оквирната цифра како провизија за агенцијата е 3.500 долари.

Налик на модна ревија, децата дефилираат пред мајките кои дури и им аплаудираат. Имаат два часа да ги освојат срцата на идните родители.

Посвојувањето и враќањето на децата оди во недоглед. Со оглед на нискиот степен на институционална социјална заштита, посвоените деца се многу лесен плен на педофили.

Авторката на репортажата Софи Призходни открива дека секоја година околу 25.000 деца во САД се продаваат на црниот празар за посвојување.

-Ни рекоа дека нешто постои, но не очекувавме дека ќе наидеме на ваков систем". Немаме точна информација колку долго постои овој пазар - можеби 10 или 15 години, зошто се работи за црн пазар. Дури кога се вклучија социјалните служби, овој пазар стана видлив, така што веројатно постои 20 и повеќе години, рече авторката на репортажата.

Посебно загрижувачки е тоа што, истакнува Софи, родителите кои се одрекуваат од веќе посвоените деца и оние кои повторно ги посвојуваат не гледаат ништо лошо во тоа.

-Сметаат дека сето тоа е слично на брак. Ако односот на родителите и децата не функционира, велат, најдобро е детето да побара среќа кај други родители, вели авторката.

Таа објаснува дека посебен проблем е тоа што во САД законите врзани за повторно посвојување се разликуваат од држава до држава.

-На пример во државата Илиноис повторното посвојување е забрането, а малку понатаму во државата Арканзас е дозволено. Исто така детето кое ќе се пресели од една во друга американска држава, не го следи никој, што им овозможува на секусалните предатори да прават што сакаат, предупредува Софи.