Засилени сообраќајни контроли во Струмица, 60 санкции за еден час
Само за еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина и др, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Струмица.
Појасни дека акциската контрола е во рамки на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, што ги спроведува МВР.
– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Струмица да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, информира дека целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Струмица ќе бидат презентирани утре.
Ново на Сител
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството