Фудбал
14. јуни 2024 - 8:36

Започнува УЕФА ЕУРО 2024 - Oтвораат Германија и Шкотска

Одбројувањето заврши и денеска започнува Европското првенство во Германија, кое со голем интерес го очекуваа фудбалските фанови.

Воведниот натпревар ќе биде меѓу Германија и Шкотска во 21 часот на „Минхен Арена“.

Германците се надеваат дека ќе ја повторат својата традиција на успешни настапи на големите фудбалски форуми каде што се домаќини. На домашен терен, ЕВРО 1988 и на Светските првенства во 1974 и 2006 година, Германците стигнаа барем до полуфиналната фаза.