Спорт плус
6. January 2016 - 14:50

Започнаа европските одбојкарски квалификациите за пласман на ОИ

 
 Со три натпревари одиграни синоќа, започнаа квалификациите за пласман на машиот одбојкарски турнир на Олимписките игри во Рио претстојново лето.
 
На турнирот кој се одржува во салата „Макс Шмелинг’’ во Берлин, осум селекции се поделени во две групи од кои смо првопласираната селекција директно ќе обезбеди пласман на Олимпијадата, додека второ и трето рангираните од овој турнир ќе играат дополнителни квалификации, со репрезентации од останатите континенти. 
 
На првиот ден од турнирот постигнати се овие резултати: 
Во а група, Полска со 3-1 ја победи Србија 3:1, а Германија беше убедлива против Белгија со 3:0. Денеска од оваа група ќе играат, Полска и Белгија.
 
Во рамките на Б група максимална победа со 3-0 оствари Русија над Финска 3:0, а денеска ќе играат Бугарија – Русија и Франција – Финска. 
 
Двете прворангирани селекции од групите ќе играат во полуфиналето.