Започна вакцинацијата против Ковид-19 во Крива Паланка
Во одделот за вакцинација во здравствениот дом во Крива Паланка денеска започна процесот на вакцинација на граѓаните против Ковид-19.
Според информациите од директорот на здравствениот дом, Бранко Стаменковски, вакцинација ќе се врши на пријавените граѓани што преку матичните лекари закажале во системот „Мој термин”.
– Од утрово отпочна процесот на вакцинирање на лица над 75 годишна возраст кои имаат термини од системот, закажани согласно координација со матичните лекари. Од Министерството за здравство добиени се во оваа прва фаза 200 вакцини, колкушто и граѓани имаат креирано термини,а процесот на вакцинирање ќе се реализира во четири дена, почнувајќи од денес, со продолжување од понеделник, со имунизација на педесет пациенти дневно, изјави Стаменковски.
Имунизација ќе се врши на жителите на општините Крива Паланка и Ранковце.
-Во нашиот здравствени дом од почетокот на годината се врши и тестирање со брзи тестови на пациентите од двете општини, овој процес исто така се спроведува по извршен преглед од страна на матичните лекари. Само во март извршени биле 461 тестирање на суспектни пациенти од кои позитивни на Ковид-19 биле 193 лица, додаде Стаменковски.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници