Започна со работа сточниот пазар во Облешево
Сточниот пазар во населеното место Облешево во општина Чешиново-Облешево ја започна својата работа со прифаќање на добитокот од сточарите кои истиот го понудија на продажба на трговците.
Директорот на Комуналното јавно претпријатие од Облешево Стефчо Николов рече дека од пред три месеци со појавата на болеста јазлеста кожа, со одлука на републичката ветеринарна испекција, сточниот пазар бил затворен за продажба на секаков вид добиток од регионот.
- Со ваквото неработење направена е голема материјална штета како на нашето Комунално претпријатие кое стопанисува со пазарот, така и на самите сточари, изјави Николов.
Пазарот од денес повторно е отворен за продажба на добиток со што е симната забраната за негово работење.
Николов истакнува дека доколку сточарите сакаат да продаваат своја стока на пазарот во Облешево, ќе треба со себе да понесат сертификат и потврда за вакцинација на добитокот, која не треба треба да биде постара 28 дена од последната вакцинација кај добиткот.
Сточниот пазар во Облешево го користат трговци од регионот и пошироко а доаѓаат и трговци од соседно Косово и Србија.
Ново на Сител
-
Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати за членови на Европската комисија
-
Благотворноста на свежото сирење
-
Одредени четвртфиналните пресметки во Дејвис купот
-
Македонската репрезентација 72-ра на септемвриската ранг-листа на ФИФА
-
„Делта ерлајнс“ ги прекинува летовите САД-Израел до крајот на 2024 година поради ескалација на тензиите
-
Започнува судењето во Кривичен за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски
-
Вучиќ за Политико: Брисел знае која страна го блокира дијалогот, но тоа нема јавно да го каже
-
Израел изврши серија напади врз Либан