Македонија
5. September 2024 - 12:38

Започна изградбата на типски куќи за сместување на 40 штипски ромски семејства

Започна реализацијата на деценискиот проект за поставување на типски куќи во населбата Света Недела во Штип. Во нив ќе бидат сместени 40_тина ромски семејства кои со години живеат во субстандардни услови во напуштените објекти на старото нервно одделение. Со дислокацијата се отвора простор за проширување на булеварот „Партизанска“ во должина од 1 километар за брзо сообраќајно поврзување со населбата „Баби“. Проектот за типските куќи е финансиран со средства од ЕУ со вкупна вредност од 600 000 евра.

  • Проект кој што повеќе од десет години се комуницира во јавност, веќе се изведуваат активности за бетонирање на платотот и поставување на инфраструктура на овие типски објекти кои што се некаде околу 40 на број. Очекувам до крајот на годината истите да бидат поставени, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

На овој потег постојат и повеќе диво изградени објекти, а секојдневно никнуваат и диви депонии.

  • Задачата која си ја преставивме пред нас е да направиме урбанизација на овој неуреден дел од градот пол со комунален неред. Да се создаде соодветна инфраструктура, затоа што најголем дел од жителите кои што имаат имотни листови за своите домови се жалат на намален притисок на вода и несоодветни приклучоци на фекална канализација- додаде Јорданов

Паралелно ќе се работи и на подигање на јавната свест, но и ќе бидат постојано ангажирани лица кои ќе работат на одржување на хигиената и чување на изградената инфраструктура.