-->
-->
Започна фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива“
-->
Под мотото „Поврзиме со креативност“ вчеравечер во СРЦ „Плаја Виста“ под Кале започна петтиот фестивал на креативни индустрии „Скопје креатива 2016“ во организација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ под покровителство на Град Скопје.
Според организаторите годинешното фестивалско издание кое ќе трае до 11 јуни 2016 година ќе понуди над 60 настани во вид на изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми, дебати и богата музичката програма.
Како што соопшти Град Скопје во својата програмска определба во последните 5 години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање нови активности за развој и поттикнување на креативните индустрии, меѓу кои, големо место зазема и организирањето на фестивалот „Скопје креатива“. За реализацијата на овој фестивал градот од својот буџет за 2016 година има издвоено средства во висина од 2.500.000 денари.
Оваа година на Скопје Креатива 2016 учествуваат дизајнери на 34 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. Првпат учествуваат 16 домашни излагачи избрани на јавен повик, презентирајќи се со свои лични проекти кои се наменски насочени запазувајќи ја природата на Фестивалот. Дел од Фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни – кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Забавната програма ќе продолжи со музичките гости – групата ТИ(Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на ДиџејАдо и ДиџејШурбе, задолжени за вечерна забава на фестивалската публика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки