Запленета роба на Кванташки пазар донирана во неколку институции
Запленетата роба од овошје и зеленчук во акцијата на Кванташкиот пазар, што вчера ја спроведоа Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за управување со одземен имот и МВР, е донирана на установи низ земјава каде што е најнеопходна.
Оваа одлука е донесена на вчерашната средба на директорите на Агенцијата за управување со одземен имот Дртитон Небиу и на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека по првпат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица - Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје и во КПУ Идризово.
- Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам на колегите од Агенцијата за управување со одземен имот и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен, се истакнува во пишаната изјава на директорот Дритон Небиу.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите