Настан „НАТО трча за сите“ за поддршка на различностите и инклузивноста
Tри ресурсни групи на персоналот на НАТО кои се залагаат за поинклузивна работна средина за расните малцинства, припадниците на ЛГБТИ+ заедницата и вработените родители во кругот на седиштето на Алијансата во Брисел организираа настан насловен „НАТО трча за сите“, чија цел беше промовирање на различностите и зацврстување на единството.
„НАТО трча за сите“ опфати индивидуална трка од осум километри и штафетна трка за тимови од по четири лица, како и детска трка, во кои учествуваа над 150 вработените во Алијансата и членови на нивните семејства.
Меѓу учесниците на настанот беше и претседавачот со Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер, како дел од тимот „Полесно е да се каже, отколку да се трча“ кој настапи во штафетната трка.
Како што јави дописникот на МИА од Брисек, во обраќањето на отворањето на настанот, Бауер истакна дека „НАТО трча за сите“ е нова иницијатива која помага да се слават разликите, да се истакне прекрасниот мозаик на НАТО и да се зајакнат врските меѓу припадниците на различните нации вклучени во заедницата на Алијансата.
– Секој ден во ова седиште, 31, а наскоро ќе бидат 32, нации работат за да ги претворат нашите разлики во нашата најголема сила, за на крајот да го избереме „ние“ пред „јас“.
Овој настан е моќна манифестација на нашата заедничка посветеност на различноста и инклузивноста. За позначајна промена ќе биде потребно време, но добрата работа е што не мора да го правиме тоа сами.
Фактот што толку многу луѓе се појавија денес го докажува тоа, истакна Бауер.
Организаторите на настанот, ресурсните групи на персоналот во Алијансата – „Зголемете ја различноста“, „Горд во НАТО“ и „Вработни родители“, порачаа дека учесниците на трката не само што ги славеа своите лични постигнувања, туку и колективната сила на обединето НАТО и со трчањето ја засилија идејата дека различностите се извор на единството и силата на Алијансата.
– Разновидноста носи дополнително богатство на перспективи. Тоа не само што го прави НАТО попријатно место за работа, туку и како институција ни овозможува да правиме подобра политика.
Кога се занимаваме со прашања каде што е загрозена безбедноста на една милијарда луѓе, ни требаат што повеќе различни перспективи за да можеме да донесеме добри одлуки, посочија организаторите.
На настанот беа поставени и транспаренти за поддршка на целите на трката, меѓу кои и: „Различностите го прават НАТО посилен, инклузивноста го прави НАТО заедница“, „За свет во кој сите се чувствуваме слободни да бидеме тоа што сме без предрасуди и дискриминација“ и „Вклучете ги сите“.
– Различноста е повеќе од само прифаќање на оние што се поинакви од тебе, тоа е прифаќање на тие разлики и препознавање на нивната вредност, посочија организаторите на „НАТО трча за сите“.
Ново на Сител
-
Урсула фон дер Лајен во Белград: Партнерството меѓу Србија и ЕУ станува се посилно
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните
-
УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ - 04 пријавите, динамиката забавена
-
Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
-
Евакуиран аеродромот во Сараево, откажани сите летови
-
Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница
-
Путин: Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори