Заменикот МНР на Грција се потпиша во книгата на жалост и изрази сочувство за трагедијата во Кочани
Сочувство, но и поддршка од грчката Влада за трагедијата во Кочани, изрази заменик-министерот за надворешни работи на Грција Јанис Ловердос, кој денеска се потпиша во книгата на жалост отворена во Македонската амбасада во Атина, каде што го пречека амбасадорката Лидија Бошковска, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик-шефот на грчката дипломатија на амбасадорката уште еднаш ѝ ја повтори поддршката на Грција, но и практичната помош, што, како што рече дојде по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис.
- Да знаете дека Владата и народот на Грција во овие моменти на голема тага, на жал ќе бидат секогаш покрај вас. Ние, Грците сме многу чувствителен народ, имаме и ние претрпено слични трагедии, истакна заменикот МНР.
Посочи дека „некогаш зборовите се непотребни“, но и дека „за жал, многу пати трагедиите ги приближуваат народите“, а паралелно нагласи дека грчкиот народ ја чувствува тагата и сочувствува со соседната земја.
Амбасадорката Бошковска од своја страна му се заблагодари на Ловердос за поддршката и помошта од грчката Влада, но и истакна дека денешниот ден е особено тежок бидејќи родителите ги испраќаат нивните деца во вечното почивалиште.
- Би сакала да изразам голема благодарност за брзата и одлична реакција од персоналот на Службата за итна помош, на персоналот во болниците и во Солун и во Атина, на одличната соработка со грчката амбасада во Скопје. Оваа трагедија ни влијаеше на сите, истакна амбасадорката.
Дополнително, заменик-министерот побара од амбасадорката да го информира за здравствената состојба на 12-те повредени, кои се хоспитализирани во Грција.
Ловердос, се потпиша во книгата на жалост што од понеделникот е отворена во нашата Амбасада, по што имаше тет-а-тет средба со амбасадорката Бошковска.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ