Закрепнува царскиот орел што го спасија кочанските пожарникари, ќе биде вратен на Осоговските Планини
Брзо закрепнува повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го однесоа во Зооолошката градина во Скопје, откако пред два дена го спасија од кров на викендичка на Пониква.
Птицата веќе почнала самостојно да зема храна и вода, со што се очекува за кратко време нејзината здравствена состојба да се подобри за да може да се врати во своето природно живеалиште.
Веднаш по спасувањето од громобранската инсталација, во која бил заплеткана птицата, во Кочани таа ја доби потребната интервенција од ветеринар. Потоа, беше транспортирана во Скопје, по претходен договор со Македонското еколошко друштво, чии членови повеќе години работеа на истражување на животинскито и растителниот свет на Осоговските Планини и по чија иницијатива тие добија статус
на заштитен предел.
Царскиот орел припаѓа на групата загрозени видови птици и се проценува дека во Македонија има само десетина двојки. Едно од неговите природни живеалишта е во околината на локалитетот Раткова Скала на Осоговските Планини. Поради пожарите кај селото Зеленград, кое е во непосредна близина на локалитетот, птицата била повредена, дезориентирана и не можела да се врати во своето гнездо.
Од ДПД – Кочани информираа дека по соодветното згрижување и целосното заздравување, орелот ќе биде пуштен во Осоговијата.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер