Заклучно со 11 часот во Гевгелија гласале 13,05 проценти, Богданци 13,48, Валандово 9 проценти и Дојран 16,4
Заклучно со 11 часот на 36 избирачки места во општина Гевгелија гласале 2,576 граѓани или процентуално 13,05 отсто од запишаните во избирачкиот список.
– Излезноста до 11 часот во општина Гевгелија се зголеми за десетина проценти откако избирачките одбори покрај биометричките апарати почнаа да го применуваат и стариод метод на гласање во случаи кога финг принтерот не ги отчитува податоците, изјави Митко Ризов,претседател на ОИК Гевгелија.
Во општина Богданци процентот на излезност на локалните избори до 11 часот изнесува 13,48 проценти. На 12 избирачки места излегле да гласаат 891 граѓани.
Во општина Валандово до 11 часот гласачкото право го искористиле 860 граѓани или девет отсто од гласачкото тело, а во најмалата општина во овој регион, Дојран, до 11 часот гласале 428 граѓани или 16,4 отсто од запишаните во гласачкиот список.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце