Заклучени десет предградија на Мелбурн поради скокот на заразени со Ковид-19
Затворени се повеќе жаришта на коронавирус во Мелбурн, вториот најнаселен град во Австралија, во обид да се спречи ширењето на заразата, јави ДПА.
Државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн, денеска регистрира нови 64 случаи на Ковид-19, соопштија здравствените власти.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, нареди заклучување на 10 предградија на Мелбурн, каде поголемиот дел од новите случаи се резултат на пренесување меѓу луѓето од заедницата.
Според германската агенција, ограничувањaтa значat дека луѓето во овие предградија можат да ги напуштат своите домови само за одење на лекар, вежбање, купување основни артикли или одење на работа и училиште.
-Полицијата ќе биде мобилизирана да патролира во заклучените предградија и оние кои ќе ги прекршат ограничувањата ќе бидат казнети, рече Ендрус.
Ограничувањата „ќе бидат длабоко болни и ќе им предизавикаат штети на лицата од бизнисот“, вклучувајќи ги и неодамна повторно отворените салони за убавина, спортски сали, библиотеки и базени, соопшти денеска Ендрјус.
Државата Викторија за време на викендот ја мобилизира војската, како и стотици волонтери и здравствени работници, за да ја намали високата стапка на инфекција и почна со тестирање од Ковид-19 во 10-te предградија, означени како жаришта на коронавирус.
Државните здравствени власти соопштија дека во последните три дена се спроведени речиси 100.000 тестирања на Ковид-19.
Австралија досега има регистрирано околу 7.700 случаи на заразени и 104 смртни случаи од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата