Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО за да се обвини Русија
– Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз.
– Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа.
Таа вели дека моменталното врескање на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува на тоа дека приказната била дел од планот за нанесување штета на угледот на Русија.
– Во овој случај, ми се чини дека фактот што овие изјави (за Русија) беа дадени во првите минути по појавувањето на овие материјали не остава сомнеж за тоа кој ја „нарачал“ оваа приказна“, оцени Захарова.
Руското МНР вчера, исто така соопшти дека снимките и видеата кои укажуваат на воени злосторства се „провокација“ и оти ниту еден жител на БУча не настрадал од насилство извршено од руски војник.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o