Захариева: Непочитувањето на Договорот доведе до одлагање на преговорите за членство со Скопје
Решавачки фактор што ја наведе бугарската Влада на одлуката да одбие да се согласи на старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ е немањето „гаранции за добрососедските односи и за имплементација на билатерални договори“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Програмата на германската телевизија АРД за Југоисточна Европа.
Захариева наведува дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу Скопје и Софија во 2017 година, меѓу другото, се предвидува формирање заедничка комисија од историчари „за решавање на постојните спорни историски прашања“ меѓу двете земји со консензус, која, според неа, не усепала да ја заврши својата задача.
– Бугарија сака да биде призната историската вистина. Ова не беше проблем за Македонија кога го потпиша договорот – заедничка историја што ќе не обедини, а не да не раздели. Ова е целта. Ние не велиме „Овие личности се само наши“, туку „Овие личности се заеднички“. Ова е модерно размислување на две земји, особено ако сакаат да бидат заедно во Европската унија, изјави Захариева.
Таа нагласува дека Бугарија инсистира на именување на македонскиот јазик како „официјален јазик на Република Македонија“, како и на промена на учебниците во Македонија, во кои, како што вели, „Бугарите се уште се претставени како фашисти“.
Захариева за АРД посочува дека бугарската Влада сака овие „нејзини забелешки да најдат свое место“ во рамки на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
– Не сакаме да ја запираме Република Македонија, но ако немаме гаранции во преговарачката рамка, ќе биде невозможно да се каже „да“. Значи, без оглед на сегашното или следното претседателство, доколку нашите предлози бидат вклучени за дискусија во преговарачката рамка, Бугарија ќе може да каже „да“, нагласува Захариева.
Таа истакнува дека не гледа зошто би било проблем во преговарачката рамка да се стави одредба дека Македонија треба да го почитува Договорот со Бугарија.
– Зошто е проблем во рамката за преговори да се стави и добрососедството, што е хоризонтален критериум од Мастрихт? Имаше такви содржини во преговарачката рамка на Хрватска. Ова не е преседан, тврди Захариева.
Ново на Сител
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии
-
Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
-
Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот