Захариев: Ќе се уредуваат дворните места околу станбените згради
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев денеска најави дека по принципот на уредувањето на паркинг просторот околу зградите кои се наоѓаат кај Економскиот факултет во Штип, ќе се уредуваат и дворните места околу зградите во централниот дел на градот, населбите „8 ми Ноември“, „ Баби“, „Автокоманда“ и „Сењак“.
- Во последните 50 години дворовите не беа уредени, ќе направиме нови паркинг места, ќе ги средиме влезовите и ќе уредиме зелени површини во сите тие населби, бидејќи граѓаните заслужуваат да имаат уредени населби. Ова е реално ќе го изведеме уште првите шест месеци идната година, рече Захариев на денешната прес-конференција.
Тој истакна дека локалната власт наредната година ќе се изградат тротоарни површини, каде што граѓаните си платиле комуналии, а ќе се реконструираат и старите тротоарни површини, со цел пешаците безбедно да се движат по нив.
Захариев и носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов денеска имаа средба и со претставниците на здруженијата со телесен инвалидитет. Јорданов истакна дека нивните предлози ќе бидат нотирани, и оти како советници ќе се залагаат да бидат и реализирани.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи