Загреб негира напис на Дојче веле за хрватска блокада на Србија
„Целосна невистина“ е текстот на Дојче веле за хрватска блокада на српските преговори со ЕУ, јави хрватската новинаска агенција Хина повикувајќи се на извори во МНР на таа држава.
– Медиумскиот напис на Дојче веле е целосна невистина и нема врска со факти, наведува агенцијата повикувајќи се на извори во Министерството.
- Станува збор за чиста пропаганда и шпекулации со цел дезинформирање на јавноста, додава изворот за написот на Дојче веле.
ЕК може „благо да ги модифицира“ своите барања спрема Србија заради хрватската блокада, наведе претходно Дојче веле на српски јазик и додава дека постои надеж дека до крајот на јуни може да бидат отворени две поглавја.
Медиумот тврдеше дека во Германија постои големо незадоволство што Хрватска ги кочи спрските преговори со ЕУ и оти хрватскиот министер за надворешни работи Моро Ковач бил повикан во Одбор на германскиот Бундестаг да ги објасни тие ставови.
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани