Македонија
12. May 2018 - 12:16

Загина тракторист во струмичко

На локалниот пат од село Турново кон село Бориево, струмичко, вчера околу 17:15 часот А.С. (41) од Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.