Македонија
30. August 2022 - 11:46

Загина маж на регионалниот пат Осломеј-Кичево

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во непосредна близина на крстосницата за с.Осломеј кај место викано „Бороите“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(66) од с.Поповјани излетало од коловозот.

- Возачот од здобиените повреди починал на местото, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, додека пак со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.