Заев:Преземени се конкретни чекори за решавање на проблемите со депонијата во Русино
Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска се сретна со претставници од општините и жители од Полошкиот регион и претставници од Центарот за развој на полошкиот плански регион и претставници на швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања СЕКО, со цел изнаоѓање решение за проблемите на жителите кои произлегуваат од состојбата со депонијата во Русино.
Жителите на бањичкиот регион, пред премиерот Заев, како што информираат од владината служба за информирање, ја потенцирале потребата од итно и неодложно решавање на проблемот со депонијата во Русино (гостиварско) која е сериозна закана по здравјето на жителите и земјоделските производи во тој регион.
Заев, истакнал дека Владата заедно со Министерството за животна средина и општините од Полошкиот регион веќе работи на изнаоѓање на трајни решенија за проблемот со оваа депонија, потенцирајќи го присуството на претставниците на СЕКО, кои како резултат на заложбите на надлежните институции, се партнер во изнаоѓањето на трајно решение.
Исто така, тој потенцирал дека веќе е обезбедена донација од осум милиони швајцарски франци кои ќе бидат наменети за справување со депонијата во Русино, и дека дополнително се јавуваат и други инвеститори заинтересирани за ракувањето со отпад.
- Најбитно е да имаме взаемно разбирање и да сме добро организирани. Како Влада стоиме на располагање и сме подготвени да интервенираме во насока на зачувување на здравјето на граѓаните пред сè, рекол Заев.
Тој ги задолжил надлежните институции да преземат мерки за итно справување со контаминацијата на водата од тој регион, на што посебно се пожалиле жителите, а која произлегува од неконтролираното користење на депонијата од многу субјекти.
На средбата, министерот Дураки побарал градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како претседавач на Полошкиот плански регион да предложи да се формира Јавно претпријатие задолжено за стопанисување со таа депонија.
Претставниците од СЕКО, пак, информирале дека во следниот период ќе биде финансирана програма за решавање на проблемот со депонијата, и дека ги следат сите законски регулативи во изготвувањето на план и физибилити студија за идното функционирање на таа депонија.
Од СЕКО, исто така посочиле дека дополнително се обезбедени и половина милион швајцарски франци за интервентни мерки, кои ќе се имплементираат во периодот додека се изготвуваат потребните студии.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника