Заев: Знамето на НАТО кренато пред Владата пред две години симбол на државничките одлуки потврдени преку Преспанскиот договор
Знамето на НАТО кренато на денешен ден пред две години пред Владата е симбол и потврда на државничката одговорност и силниот патриотизам на сите претходно донесени одлуки врз основа на кои станаа остварливи двата најголеми државни интереси – членството во НАТО и ЕУ. Македонија, е 30-та, членка на НАТО, и целосно е посветена на своите обврски како рамноправен сојузник на Алијансата, објави денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев
-На 12 февруари 2019 година, пред Владата на Република Македонија, беше кренато знамето на НАТО, што следуваше откако на 6 февруари истата година, амбасадорите на земјите-членки на Алијансата во Северно-атлантскиот совет, го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија за членство во NATO. Знамето на НАТО кренато на тој ден е симбол и потврда на државничката одговорност и силниот патриотизам на сите претходно донесени одлуки врз основа на кои станаа остварливи двата најголеми државни интереси – членството во НАТО и ЕУ. Благодарејќи на храбрите одлуки, коишто се потврдија преку договорот од Преспа, нашите сојузници нѐ прифатија како Македонци, со нашиот македонски јазик, во духот на најсуштинските западноевропски демократски вредности, напиша Заев .
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко