Заев за ИБНА: Договорот создава подобра иднина за Македонија и Грција
Договорот создава пријателство и соработка, но и перспективи за граѓаните на двете земји, вели македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), кусо по потпишувањето на поканата за интеграција на Македонија во НАТО.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, изјавата на премиерот Заев, во текстот под наслов „Нашата интеграција во НАТО ќе биде во корист на народите и во двете земји“, ИБНА, ја пренесува како порака до Грците .
-Интеграцијата во НАТО ќе ги зајакне безбедноста и стабилноста во регионот и ќе придонесе за зголемување на инвестициите во целиот регион. Убеден сум дека со оваа разврска, резултатите ќе бидат позитивни како за граѓаните на Грција, така и за граѓаните на Македонија. Од овој аспект, сакам уште еднаш да ги истакнам пораката и важноста на овој договор. Договорот создава пријателство и соработка, но и перспективи за граѓаните на двете земји, вели македонскиот премиер.
Заев во изјавата, ги повикува грчките граѓани, исто како што ги повикува и македонските, да ги искористат можностите од договорот кој што „создава подобра иднина за Грција и Македонија“.
- Секако на крајот на целиот процес, по спроведувањето на референдумот и по промените во Уставот, ние, како што прифативме, ќе се викаме Северна Македонија. Паралелно, како што Грција ги прифати термините македонски јазик и македонски народ, така и ние го прифативме терминот грчки Македонци со посебностите на нивното културно наследство. Убеден сум дека пријателството што го имаме изградено, може да донесе, со взаемно почитување и взаемно признавање, само позитивни резултати за денешните генерации, а особено за следните генерации, порачува премиерот Заев во изјавата за ИБНА, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин
-
Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
-
Краделе од нива, приведени три лица од Кавадарци