Заев-Тигањ: Реафирмирана силната поддршка од Хрватска за евроинтеграциите на Македонија

Силната поддршка од Хрватска за европските интеграции на Македонија е реафирмирана на денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на Хрватска во земјава Нивес Тигањ.
Оценето е дека нашата држава го исполни својот дел од обврските на патот за пристапувањето кон ЕУ и дека сега Европската Унија треба да го испочитува својот збор.
– Македонија ги направи потребните реформи. Исто така е пример за соживотот на различни заедници во една држава, што е исто така европска вредност. Нашата држава продолжува со конструктивните политики на дијалог во државата и на меѓународен план и очекуваме дека тие ќе дадат резултати за исчекор во интеграциите, рече премиерот Заев.
Како што соопшти владината прес-служба, изразена е заедничка согласност за важноста на политиките на проширувањето.
Исто така, констатирано е дека е од полза и за ЕУ и за земјите кандидатки, Европската Унија да се заокружи со Западен Балкан, којшто природно припаѓа на Европа.
На состанокот е посочено на значајноста од манифестација политичка зрелост кај сите политички субјекти, кога станува збор за реализација на прашања од полза на граѓаните и на државата.
Премиерот Заев и амбасадорката Тигањ зборуваа и за унапредувањето на економската соработка, како и во областа на одбраната и во други сфери, што ја овозможуваат одличните билатерални односи помеѓу двете држави.
Ново на Сител
-
ЦУК: Зголемен бројот на противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
-
Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија