Заев: Шансите за решавање на спорот за името сега се поголеми, треба да се направи исчекор
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор за прашањето за името, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.
- Со Република Грција имаме поголеми шанси од порано да изнајдеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, макар на преговарачите со Нимиц. Стојам на располагање и за премиерско ниво, министерот за надворешни работи е подготвен, веќе разговаравме со претседателот на државата. Во поглед на ова прашање Македонија мора да биде подготвена за исчекор конечно за решавање на ова прашање, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по претставувањето на Предлог-буџетот за 2018 година во Владата.
Се надевам, дополни, дека опозицијата исто така ќе биде вклучена максимално, не за нови блокади, не за нови одложувања, туку во функција да направиме се да изнајдеме решени за овој горлив проблем којшто е кочница на РМ и за нејзините интегративни процеси.
Прашан за идејата за преименување на Скопскиот аеродром во „Киро Глигоров“, рече дека на прва рака му се допаѓа, но оти оти тој е само еден од граѓаните и сака да ги слушне нив.
- На прва рака ми се допаѓа идејата. Сакам да ги слушам внимателно граѓаните, нека се развие дебата, ние им стоиме на располагање на граѓаните да им служиме во целост, рече Заев.
Во врска со реакциите од Москва за неговото интервју за црногорското радио „Антена-М“, премиерот Заев рече дека останува на ставот што го изнесе Владата дека тој во интервјуто во ниту еден момент не ги довел укажувањата за ликвидација кон него во каква било релација со Руската Федерација.
- Останувам на ставот на Владата и мој личен став е унапредување на соработката со Руската Федерација. Македонија нема алтернативи освен Европската унија и НАТО. Тоа се наши определби, но тоа никако не се коси со нашето зголемување на соработката со Руската Федерација, рече Заев, во одговор на новинарско прашање.
Генерално коментарите коишто ги изнел во интервјуто биле, како што рече, на основа на реакција на Русија кога Црна Гора се зачленуваше во НАТО и случувањата што се случуваа токму во тој момент.
- Дадов само свој коментар. Генерално дадов коментар за нашата и мојата лична решеност во исполнување на овие аспирации на мојот народ, а тоа се преку 75 отсто позитивни очекувања на граѓаните за членство во НАТО и ЕУ, ништо повеќе и ништо помалку, рече Заев, по реакцијата од Руската амбасада во Македонија за неговото интервју во црногорскиот медиум, а по која уследи и став од македонската Влада.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава