Заев: Се оградувам од какви било разговори за „пакт против Србија“
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се оградува од какви било разговори за „пакт против Србија“, апелирајќи до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог.
-Сакам да се оградам од било какви разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог, изјави Заев.
Според македонскиот премиер, на ниту едно ниво никогаш не се водени такви разговори.
– Како Влада во регионот, Европа и во светот важиме како градители на добрососедските односи. Ние сме пријатели со сите наши соседи. Никој од нас не побарал ниту пак е разговарано за ова прашање, истакна Заев одговарајќи на прашање за изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за „пакт против Србија“.
Очекуваме, додаде тој, нашиот регион да ги постигне четирите цели за кои се залагаме секогаш кога ќе се сретнеме со премиерите на нашите соседи, а тоа е економска соработка, регионален економски развој, регионална соработка и интеграција во ЕУ
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло